Најдобриот играч на Светското фудбалско првенство во 1990 година, Салваторе Тото Скилачи почина на 59-годишна возраст.

Поранешниот италијански репрезентативец почина по долго боледување.

Скилачи, како дел од репрезентацијата на Италија, го освои бронзениот медал на Светското првенство во 1990 година и беше прогласен за најдобар стрелец и најдобар играч на турнирот.

Заедно со Јувентус го освои Купот на Италија, а со торинскиот тим и Интер еднаш го освои Купот на УЕФА



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2024 12:55