Тренерот на Ливерпул, Арне Слот ја коментираше победата над Милан (3:1) остварена синоќа во натпреварот од 1. коло од Лигата на шампионите.

- Беше одличен ден да се прослави роденден на таков стадион, но и да се победи. Не би го кажал тоа по првите пет минути од натпреварот, но потоа се помина многу добро. Покажавме колку добро можеме да се справиме со топката. Сакаме да притискаме и да бидеме многу агресивни, но сакаме и да создаваме шанси, изјави Слот, за УЕФА.

Ливерпул на 2 октомври во 2.коло од елитното фудбалско натпреварување ќе игра против Болоња



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2024 13:36