Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ доби затворска казна од 60 дена, која нема да ја одлежи доколку во рок од една година не го стори истото дело, соопшти „Слободна Далмација“.

Бидејќи во понеделник на полноќ беше уапсен на граничниот премин Бајаково и спроведен во Сплит, ќе му се бројат 59 дена условна казна.

Трифуновиќ ќе треба да плати судски трошоци во износ од 150 евра, а се откажа од правото на жалба.

Пресудата е правосилна.

На актерот му е вратен пасошот, а во изјава за „Слободна Далмација“ кажа дека „ионака ќе стане граѓанин на Република Хрватска бидејќи неговата сопруга е од Риека“.

По излегувањето од судницата, Трифуновиќ во ходникот го пречекал службеник на полициското одделение за законитост, му ја покажал значката и му рекол да дојде со него.

-Зошто? го праша Трифуновиќ, на што службеникот рече: „Мораме да провериме дали сега сте легално во Република Хрватска“.

На тоа, според „Слободна Далмација“, Трифуновиќ одговорил: „Како да не бидам легално, кога ме уапсивте на Бајаково и ме доведовте?

Да потсетиме, Трифуновиќ беше уапсен во понеделникот вечерта на граничниот премин Бајаково, спроведен е во Сплит каде беше сослушан во полициска станица поради текстови со недолична содржина што претходно ги објавил на социјалните мрежи и во кои ги навредува полицајците и полициските службеници.

Трифуновиќ и во септември минатата година беше уапсен од полицијата во Сплит откако граѓани го пријавиле на сплитската плажа Каштел, бидејќи без надзор го чувал своето куче, што ги вознемирило присутните.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска на својот Инстаграм профил се огласи со видео порака во која реагираше за апсењето на актерот Сергеј Трифуновиќ во Хрватска и побара од државните органи на Република Србија да направат се тој да биде ослободен и вратен во Србија.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2024 15:19