Србија од јануари до јули годинава остварила рекордни приходи од 1,5 милијарди евра од странски гости, што за седум месеци го надминала резултатот од целата 2019 година, изјави денеска државниот секретар во Министерството за туризам и млади Урош Кандиќ.

Тој во изјавата за Бета вели дека за седум месеци од годинава девизниот прилив е зголемен за 16 отсто во однос на истиот период од претходната рекордна година и дека е за речиси 10 отсто поголем од цела 2019 година.

Тој нагласи дека со значителниот раст на девизниот прилив, туризмот е меѓу најважните учесници во секторот за извоз на услуги и сочинува околу една петтина од вкупниот извоз на услуги во Србија.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2024 14:05