Поранешниот претседател на Хрватската управа за патишта, Јосип Шкориќ, од владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ), денеска е уапсен под сомнение за корупција, објавија хрватските медиуми.
Во акцијата на полицијата и Управата за борба против корупција и организиран криминал беа и неговиот братучед Зоран Шкориќ.
Полицијата во соопштението не ги спомена имињата на уапсените, туку само дека утрово на подрачјето на Загреб, Осиек и Вуковар се уапсени повеќе лица поради сомнение дека сториле кривични дела од областа на економскиот криминал.
Како што пишуваат хрватските медиуми, Јосип Шкориќ (60) во август ненадејно поднел оставка од функцијата претседател на Кроатски автопати, но продолжил да работи како советник. Во таа државна компанија работи од 2005 година, а на чело е од 2016 година. Медиумите го споменуваат како еден од најблиските соработници на актуелниот министер за транспорт, Олег Бутковиќ (ХДЗ).