Јас нема да се повторувам со тоа што го кажа градоначалникот затоа што навистина се гледа еден исклучителен развој, реализација на капитални проекти, можам само да го изразам моето задоволство, да го охрабрам така да продолжи и да се заблагодарам за тоа што го прави тој заедно со администрацијата, советот, со пратениците во македонското Собрание за Кавадарци за кавадарчани.

Навистина ние како Влада стоиме на располагање се што е потребно да помогнеме и оваа навистина фантастична состојба во којашто градот се наоѓа денеска да ја направиме уште пофантастична, тоа е нашата цел како Влада и во рамките во таа цел е овој проект којшто преку Министерството за локална самоуправа има за цел да финансира капитални проекти во општините на целата територија на државата, Кавадарци спомена градоначалникот веќе аплицираше, разговаравме што би можеле да бидат проекти за следната година, бидејќи ова е само првиот дел до крајот на оваа година, до година ќе имаме повторно ваков јавен повик и убеден сум дека квалитетот на животот овде во Кавадарци, на кавадарчани ќе биде драматично подобар од оваа фантастична состојба во којашто сега се наоѓа.

Уште еднашка честитки до градоначалникот, пратениците, советниците, администрацијата којшто ја подржуваат работат на градоначалникот овде во Општина Кавадарци. Исто така на покана на министерот денеска сум овде во ОВР Кавадарци заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност да направиме еден увид на системот „Безбеден град“ којшто ќе напоменам, а тоа го споменаа моите претходни два соговорниците и градоначалникот и министерот за внатрешни работи е инвестиција на општината, но во периодот којшто следи треба да биде интегриран на оној поголем систем којшто планира МВР да го реализира. Тоа е многу важно бидејќи ги гледате какви се бројките, степенот на криминалитет е драматично намален, тоа е нашата цел да спасиме што е можно повеќе човечки животи, еден човечки живот загубен е трајна загуба за семејството и за државата и затоа сме решени како Влада преку МВР овој проект да го истуркаме до крај, да се реализира на целата територија на Македонија бидејќи убедени сме дека ќе спасиме на тој начин многу човечки животи. Нема да биде тоа можеби веднаш офанзивно ќе има своевидна кампања, ќе има тест период да се уверат граѓаните дека мора да се почитуваат законите ако сакам и дисциплинирани да бидат во сообраќајот не само сообраќајот и насекаде ако сакаме да спасиме човечки животи што е можно повеќе бидејќи еден загубен е непроценлива загуба. Така што ова денеска го видовме денеска во Кавадарци што ќе биде како безбеден град интегрирано во рамките на еден поголем проект што го работи министерството. Поддршката од страна на владата е недвосмислена, таа е јасна и продолжуваме во таа насока. Мора да има дисциплина, мора да има ред и мора да има владеење на законите, анархија, стихија, безредие не водат кон добро, водат кон лошо, а нашата цел за што ја добивме довербата на граѓаните пред повеќе од четири месеци е токму таа, да владее законот за сите подеднакво, да нема безредие, да нема хаос, да нема криминал или пак тоа да биде во рамките на многу минимална вредност, така што ете уште еднашка на крај ќе ми дозволите да му честитам на градоначалникот за исклучителната работа што ја прави овде во Општина Кавадарци да му посакам успешна работа на министерот во рамките на имплементирање на овој проект, на сите оние којшто ја подржуваат работата на директорот на БЈБ, на вработените овде во ОВР Кавадарци, во министерството, администрацијата во општината, советниците, пратениците овде од Кавадарци и само така да продолжиме и да покажеме дека не се сите исти, дека промени се возможни и дека промените од ден на ден доаѓаат.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2024 17:19