Серија земјотреси претпладнево беа регистрирани на третиот крак на Халкидики, кај Света Гора, а најсилниот беше со јачина од 4,6 степени според Рихтер, јави дописничката на МИА од Атина.

Согласно официјалните податоци од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, првиот земјотрес од 4,1 степен беше во морскиот дел на 11 километри југоисточно од градот Урануполи, следеа три помали меѓу 2,6 и 3,2 степени, а еден час подоцна и најголемиот од 4,6 степени со епицентар, исто така во морскиот дел.

Неколку минути подоцна беше регистриран уште еден земјотрес од 3,8 степени.

Засега нема информации за проблеми од земјотресите.

Во изминатиот период се почеста е појават на земјотреси во близина на Света Гора.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2024 04:53