Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ги наведе причините за поразот на неговиот тим во градското дерби со Милан.

Интер синоќа како домаќин загуби од Милан со 1:2 во натпреварот од 5.коло од италијанското фудбалско првенство.

- Милан, секако, е добар тим. Тие одиграа подобро од нас и заслужија да победат. На работите им пристапивме на погрешен начин, не бевме комплетен тим - тоа ретко се случува. Ниту едно полувреме не го започнавме со ставот што треба да го имаме и се обидов да направам некои промени, но тоа не помогна, изјави Инзаги за „Football Italia“.

Тренерот додаде дека играчите донеле лоши одлуки на овој натпревар, и кога имаа посед, и без топка.

- Требаше да направиме повеќе и јас како тренер преземам одговорност, додаде тој.

Интер со осум бода се наоѓа на 6.место, Милан е 7-ми исто така со осум освоени бода.

Во следното коло од Серија А, избраниците на Инзаги ќе играат против Удинезе на 28 септември.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2024 15:48