Министерството за образование и наука известува дека Американската амбасада го објави повикот за прием на апликации за програмата „Study of the United States Institutes“.

Програмата е спонзорирана од Бирото за образовни и културни прашања на Стејт департментот на САД, а ќе се реализира преку Амбасадата на САД во Република Северна Македонија.

Во повикот МОН наведува дека „Study of the United States Institutes“ е интензивна академска програма на ниво на постдипломски студии со интегрирани студиски патувања чија цел е да им овозможи на странските факултети и други научници можност да го продлабочат своето разбирање за американското општество, култура, вредности и институции.

-Целта на програмата е да се зајакнат наставните програми и да се подобри квалитетот на наставата за САД во академските институции во странство. Оваа програма, наменета за научниот кадар, ќе се одржува на различни колеџи, универзитети и академски институции низ САД во текот на пет до шест недели, почнувајќи од или по јуни 2025 година. За секој институт од програмата предвидени е четиринеделен академски престој и, доколку е возможно, до две недели интегрирана студиска посета во друг регион во САД, пипшува во објавата на МОН.

Рокот за аплицирање е 15 ноември 2024. Повеќе информации се достапни на линкот: https://mk.usembassy.gov/susi-program-2024-is-now-open-for-applications-2/



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2024 15:50