Највлијателната опозициска Социјалдемократска партија (СДП) на Хрватска во следните четири години ќе ја предводи Синиша Хајдаш Дончиќ, кој беше министер во владата на Зоран Милановиќ.
„Двапати ја поминав Хрватска, ги ислушав проблемите и заклучив дека гласачката инфраструктура не е секаде иста. Ќе бидам претседател и на тие што не гласаа за мене. Нема поделба, само победа“, изјави новиот претседател на СДП за хрватскиот портал Дневник.
Хајдаш Дончиќ вели дека неговиот фокус како економист ќе биде подобар животен стандард. Тој рече дека неговата политика не е политика на континуитет. „Имав јасна програма која се разликуваше од моите ривали или политички пријатели и во неа беа јасно дефинирани девет точки“, рече Дончиќ и појасни дека едниот дел се однесува на организацијата на партијата со акцент на теренско дејствување, а другиот на економијата и економскиот стандард.