Фридкин Инвестмент Груп, во сопственост на американскиот милијардер Ден Фридкин, ќе стане новиот мнозински сопственик на премиерлигашот Евертон, објави денеска англискиот клуб.

„Британско-иранскиот бизнисмен Фархад Мошири, актуелен сопственик на Евертон и Групацијата Фридкин потврдија дека постигнале договор околу условите за продажба“, соопштија од клубот.

Трансакцијата мора да биде потврдена од неколку други тела, вклучително и од Премиер лигата, Англиската фудбалска асоцијација и Управата за финансиско однесување, со цел да биде финализирана.

Групацијата Фридкин започна преговори за купување во јуни, пред Евертон да објави следниот месец дека нема да се постигне договор.

Евертон е на последното место во Премиер лигата, откако забележа четири порази во првите пет кола во новата сезона



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2024 04:41