Еден од најдобрите кошаркари на Лос Анџелес клиперс, Кави Леонард беше опериран на коленото, објави Шамс Чаранија од „Атлетик“.
Временската рамка за закрепнување на Ленард не е позната, но од клубот се оптимисти дега нема долго да биде надвор од терените.
Се очекува 33-годишниот Американец да оди на претсезонски тренинзи според индивидуална програма.
Леонард е во Клиперс од 2019 година. Во сезоната 2023/24, учествуваше на 68 натпревари, со просек од 23,7 поени, 6,1 скока и 3,6 асистенции по натпревар.