Голманот на Порто, Диого Кошта може да ја продолжи кариерата во Барселона.
Според „Мундо Депортиво“, директорот на каталонскиот клуб Деко сака да го види 25-годишниот Португалец во тимот откако се повреди голманот Марк-Андре тер Штеген.
Германецот заработи тешка повреда на натпреварот со Виљареал (5:1) во 6. коло од Ла Лига и беше изнесен од теренот на носилки.
Подоцна се дозна дека 32-годишниот Тер Штеген има руптура на тетивата на десното колено. Може да пропушти околу осум месеци