Францускиот напаѓач Килијан Мбапе го повреди бутниот мускул на левата нога на крајот на натпреварот од Ла Лига против Алавес (3:2) во вторникот, соопшти денеска неговиот клуб Реал Мадрид.
Клубот не прецизираше колку е сериозна повредата и дали Мбапе ќе му биде на располагање на тренерот Карло Анчелоти за следните натпревари.
Шпанските медиуми наведуваат дека Мбапе би можел да отсуствува три недели и да го пропушти неделното дерби на Реал Мадрид против Атлетико Мадрид, како и гостувањето во Лил на 2 октомври за натпреварот од Лигата на шампиони.