Дефанзивецот на Комо, Рафаел Варан одлучи да се пензионира по повредата на коленото, објави „Relevo“.

Триесет и едногодишниот фудбалер летото се пресели во италијанскиот клуб, но на првиот меч за Комо заработи повреда на коленото и беше надвор од теренот до крајот на сезоната.

Подоцна се дозна дека Комо го исклучил Варан од составот за тековната сезона.

Во текот на кариерата Варан играше и за Ленс, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

Пред шест години, на Светското првенство во Русија, Варан стана светски шампион заедно со француската репрезентација.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2024 04:30