Осум навивачи се уапсени, а десет завршија во болница по судирите меѓу приврзаниците на Џенова и градскиот ривал Сампдорија во средата вечер.
По пауза од две години овие два клуба играа еден против друг, во второто коло од Купот на Италија. По 90 минути резултатот беше 1-1, а по изведувањето пенали пласман понатаму обезбеди Сампдорија.
Италијанските медиуми јавија дека пресметки меѓу навивачите на двата клуба се случувале во целиот град, а траеле до 3 часот наутро.
Меѓу многуте повредени навивачи, десет од нив се хоспитализирани, а повредени биле и петмина полицајци.
Голем број навивачи биле уапсени, но во меѓувреме ослободени, а осум од нив сè уште се во притвор.