Судот во Палма де Мајорка осуди навивач на шпанскиот прволигаш Мајорка кој на натпревар во февруари минатата година на расна основа го навреди фудбалерот на мадридски Реал, Винисиус.

Навивачот првично беше осуден на една година затвор, но подоцна беше помилуван затоа што испратил писмо со извинување до бразилскиот фудбалер. Истиот навивач беше обвинет и од Виљареал, бидејќи цел на расни навреди беше и Самуел Чуквуезе, тогашен играч на овој шпански прволигаш.

Навивачот на Мајорка е веќе третото лице осудено во Шпанија во изминатите неколку месеци за расизам. Тој доби забрана за настап на фудбалските стадиони во следните три години, а веќе беше вклучен во програмата за еднаквост и борба против дискриминацијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/09/2024 15:21