Тренерот на Челзи, Енцо Мареска ги сумираше впечатоците од натпреварот против Брајтон.
Лондонскиот клуб попладнево победи со резултат 4:2 во 6. коло од Премиер лигата благодарение на покерот на Кол Палмер.
- Тоа беше добар натпревар. Можеби во некои моменти имавме тешкотии, но мислам дека и тимот требаше да научи ваква игра. Претпочитам да имаме поголем посед на топката, но на почетокот на натпреварот не одеше лесно. Им ја дадовме топката на противниците бидејќи малку не изненадија тактички, но во целина бевме добри. Го познавам Кол Палмер долги години, тој играше за мене во Манчестер Сити У23. Најдобриот дел е што тој не се променил како личност. Му реков дека постигна четири гола, но можеше да постигне повеќе. Секогаш велам дека треба да бидете амбициозни и да се стремите да постигнете повеќе голови, изјави Мареска.
Челзи по денешната победа стигна до 13 бода и е само на еден заостанување од во моментов водечките Манчестер сити и Арсенал.