Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, повика голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа да биде казнет затоа што ги провоцирал домашните навивачи на синоќешното градско дерби.

Реал и Атлетико одиграа 1:1 во натпревар од 8. коло на Ла Лига. Дербито беше во прекин десетина минута поради фрлање разни предмети кон Куртоа.

- Што се однесува до навивачите вклучени во овој инцидент, клубот ќе донесе одлука. Не ни требаат такви луѓе на трибините. Но, мора да бидат казнети и оние кои ги поттикнале. Ми се чини дека санкциите треба да важат и за оние кои провоцираат. Во спротивно, можете да правите што сакате, изјави Симеоне за „Марка“.

Инцидентот се случи во 70.минута кога кон Куртоа од трибините полетаа кеса со ѓубре и запалки.

По овој натпревар Атлетико е на третото место во поредокот со 16 бодови. Реал Мадрид е на второто место со 18 бодови, лидер е Барселона со 21 бод.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2024 19:11