Тренерот на Наполи, Антонио Конте по вчерашната победа во 6. коло од италијанското фудбалско првенство над Монца (2:0) и искачување на лидерската позиција на табелата побара да не се создава еуфорија околу неговиот тим.
- Секогаш велам дека поради отсуството од еврокуповите имаме предност што можеме да тренираме цела недела. Сепак , но недостаток е што нашиот тим не е конкурентен како оние кои играат во европските натпреварувања. Се трудиме да работиме за да ги нахраниме соништата, бидејќи и тие можат да се остварат, но морам да ја земам предвид реалноста, а таа кажува дека сме многу далеку од високи достигнувања. Мора да работиме напорно на секој натпревар за да ги освоиме бодовите. Поминаа помалку од три месеци откако претседателот зборуваше за целосна обнова на тимот. Загубивме 14 играчи и потпишавме седум. Ги загубивме Виктор Осимен и Пјотр Зиелински. Разбирам дека од мене се очекува многу бидејќи во минатото постигнав голем успех. Како што реков, можеме да ги оставиме навивачите да сонуваат, но морам да останам реален и кажувам дека има тимови кои се пред нас поради многу причини, изјави Конте за „DAZN“.
Наполи со 13 бода се искачи на првото место во Серија А. Тимот на Антонио Конте ја продолжи серијата без пораз на шест натпревари.