Заменикот капитен на француската фудбалска репрезентација и светски првак од 2018 година, 33-годишниот Антоан Гризман објави денеска повлекување од националниот тим.

„Со срце полно со спомени го затворам ова поглавје од мојот живот. Ви благодарам за оваа прекрасна тробојна авантура и се гледаме наскоро, напиша на социјалните мрежи Гризман, кој одигра 137 натпревари за француската репрезентација и постигна 44 голови.

За „триколорите“ само Оливие Жиру, Тиери Анри и Килијан Мбапе постигнаа повеќе голови од Гризман.

Играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, исто така, играше со Франција во финалето на Евро 2016 и Светското првенство 2022 година и ја освои Лигата на нации на УЕФА во сезоната 2020/2021



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2024 21:17