Хрватска во октомври ќе организира состанок на врвот на Југоисточна Европа и на Украина во Дубровник со цел да и даде целосна поддршка на таа нападната земја.

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ во интервју за ТВ Блумберг нагласи дека главната намера на самитот е да се покаже солидарност и поддршка за Украина од група земји кои имаат историски врски со украинскиот народ.

- Сакаме да ги поддржиме во нивните напори за слобода и територијален интегритет, но сакаме и да видиме како можеме да обезбедиме добро функционирање на украинската економија во околности кои често се многу тешки, рече Пленковиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2024 04:49