Универзитетското студентско собрание при УКИМ, во соработка со Факултетските студентски собранија, на неколку факултети успешно организира воведни ориентациски денови со цел новозапишаните студенти да се упатат во светот на студиите и да се запознаат со дел од професорите и со нивните постари колеги.

Идејата која започна на ФИНКИ пред 3 години, од страна на Александар Ристоски, студент на ФИНКИ, со помош од негова колешка која има студирано во странство - Матеа Коцевска, денес е реализирана од студенти на повеќето Факултетски студентски собранија. Бруцошите во големи броеви ги наполнија амфитеатрите и предавалните уште пред почетокот на нивните студии - доказ дека студентскиот дух бујно тече низ нашата младина. Се надеваме дека оваа пракса на ориентациски денови ќе стане традиција кај нас, а и дека ќе се прошири на други универзитети низ нашата држава.

Факултетите на коишто се одржаа ваквите денови се ФЕИТ, ФИНКИ, Филолошки факултет, Економски факултет, Правен факултет и Медицински факултет, а дополнително и останатите факултети ќе одржат слични ориентациски денови во текот на месецот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2024 16:51