Во програмата на владата за периодот 2024-2028 година, младите и образованието, посебно високото образование се во фокусот на министрите и во тој дел планираме проекти што ќе го подобрат статусот на младите и секако студентите во општеството, истакна заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски.
На првиот академски час на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, Јанкуловски најави законски измени со кои на редовните студенти ќе им се овозможи да имаат право на работа без да го изгуват статусот на вонреден студент.
-Планираме да го зголемиме процентот на учеството во апликативната наука од сегашните 0,3 да стигнеме до 1 процент, планираме ослободување од плаќање на персоналниот данок од доход на оние компании кои што ќе вработуваат млади до 29 години, а во наредните четири години планираме да вработиме до 500 најдобри студенти што ќе покажат значајни резултати на јавните универзитети, а се со цел да ги зајакниме административните капацитети на државата. Работиме на законски измени со кои на реовните студенти ќе им овозможиме да имаат право на работа со скратено работно време, а со цел да не го губат статусот на редовно студирање и истовремено да работат со цел да заработуваат. Редовно ќе ги исплаќаме студентските ступендии и средствата за студентски оброк, и постепено ќе го зголемуваме тој износ, нагласи Јанкуловски.
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ годинава го зголеми процентот на запишани студенти во прва година, а ќе овозможи и четврт уписен рок, истакна ректорот Игор Неделковски.
-Се надеваме дека и оваа генерација ќе биде извор на многу успешни професионалци во своите професии и столб за равој на регионот и државата. Ние како Универзитет, задоволни сме од интересот за студирање во оваа година бидејќи ја достигнавме за нас таа магична бројка од 1000 нови студенти и споредено со минатата година имаме раст на бројот на запишани студенти. Сепак во наредниве денови ќе има четврт уписен рок во сите универзитетски единици. Порачувам, рече ректорот Неделковски, студентите да бидат посветени и да стекнат вештини што ќе ги применат во својот професионален живот и секако да ја искористат можноста што ја нуди универзитеската асоцијација КОЛОРС во која битолските студенти стануваат дел од 120.000 студенти на КОЛОРС.
Пригодни обраќања на првиот академски час што се одржа на Технички факултет во Битола имаа градоначалникот Тони Коњановски и деканот Митко Костов