Почна новата академска 2024-2025 година за студентите, а се одржа и првиот час за бруцошите на сите факултети и академии при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип. По тој повод на првиот академски час присуствуваше и министерката за образование и наука Весна Јаневска, која им посака на студентите и на професорите успешен старт на новата академска година.

-На студентите работа им е да учат, да се посветат на знаењето, да бидат љубопитни, да истражуваат. Но, и да ги почитуваат и слушаат своите професори. Работа на професорите е сто проценти да се посветат на своите студенти, да ги подучуваат, да им помагаат во откривањето на научните вистини, во истражувањето и остварувањето на целите на младите луѓе, кои ќе го посветат сопствениот живот на одредена струка, за која се определиле, вели Јаневска.

Таа посочи дека работа на државата е да ги поддржува и студентите и професорите, со цел да бидат мотивирани и едните и другите преку подобри плати за наставниот кадар, а за студентите преку подобар студентски стандард, стипендии, нови и реновинари студентски домови. Министерката за образование и наука, Јаневска порача дека целта е младите да останат во државата, да студираат на домашните Универзитети и да дадат придонес за сопствената држава.

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Дејан Мираковски изјави дека академската година почнува за околу 1.500 бруцоши, од кои 350 се странски државјани.

-Универзитетот оваа година почнува со некаде околу 1.200 студенти наши државјани и околу 350 странски државјани. Тоа се бројки кои по сите аспекти се задоволителни за нас. Се надевам дека ќе продолжиме да им нудиме високо квалитетно образование и да помагаме во професионалниот развој и во сите други активности, вели Мираковски.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека со зголемување на бројот на студенти на УГД се зајакнува развојот на градот.

-Ќе се зголемува бројот на студенти на УГД и во нашиот град, а со тоа ќе се јакне развојот на нашиот град, но ќе се зголемува и квалитетот на високото образование со што се повеќе млади луѓе, едуцурани полни со знаење, искуство, ќе излезат на пазарот на трудот и да генерираат развој во нашето општество, изјави Јорданов.

Своето задоволство не го сокрија и студентите на УГД, но и бруцошите кои започнуваат со студирање на овој универзитет



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2024 18:33