Поранешниот фудбалер за врска на Барселона и Шпанија, Андрес Иниеста одлучи да се пензионира, пренесува „Relevo“.

Според шпанскиот спортски портал, 40-годишниот Иниеста својата одлука ќе ја соопшти на 8 октомври.

Последен клуб на Иниеста беше Емирати од Обединетите Арапски Емирати, за кој настапуваше во сезоната 2023/24.

Во текот на својата кариера, играчот од средниот ред играше за Барселона и Висел Кобе.

Во составот на Каталонците, Иниеста девет пати стана шампион на Шпанија, шест пати го освои националниот куп и четири пати ја освои Лигата на шампионите. За шпанската репрезентација одигра 131 натпревар и постигна 13 голови



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2024 18:38