Максимилијан Ибрахимовиќ, 18-годишниот син на шведската фудбалска ѕвезда Златан Ибрахимовиќ, доби дебитантски повик за настап во шведската јуниорска репрезентација, соопштено е денеска во Стокхолм.

Младиот центарфор го потпиша својот прв професионален договор ова лето со Милан, каде неговиот татко ја заврши кариерата во јуни 2023 година.

Максимилијан Ибрахимовиќ настапува за младинскиот тим на италијанскиот клуб, додека Златан од средината на декември e советник на сопственикот на Милан.

„Тој започна одлично со Примавера. Тоа е добра можност за нас да го видиме во нашата средина“, изјави тренерот на јуниорската репрезентација Андреас Петерсон за шведските медиуми. Шведската јуниорска репрезентација за неколку денови во Шпанија ќе одигра два пријателски натпревари против Јапонија и САД



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2024 04:45