Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека е против учество на припадниците на хрватските вооружени сили во мисијата за поддршка на Украина и дека не дал претходна согласност за предлогот на Владата.

Според него, доколкку Владата инсистира на тоа, Собранието ќе одлучува со двотретинско мнозинство.

Милановиќ во видео обраќање рече дека Хрватска на кој било начин не може значително да влијае на војната во Украина, ниту може да ја запре.

Тој напомена дека со добро осмислена и одговорна политика на државните органи можат да го спречат ширењето на војната кон хрватските граници и да се обезбеди мир и безбедност за сите хрватски граѓани.

„Затоа одбив да дадам претходна согласност за одлуката за учество на хрватската армија во мисијата за поддршка на Украина. Додека сум претседател, нема да дозволам учество на војници во такви активности бидејќи тоа не е национален интерес на Хрватска и потенцијално го загрозува целиот нејзин народ“, рече Милановиќ



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2024 04:49