Кошаркарите на Пелистер со победа стартуваа во регионалната АБА 2 лига, откако вечерва во Битола триумфираа над Широки Брег со 74-72 во рамки на воведното коло во групата Ц.
Дуелот беше од огромно значење бидејќи беше прв меч во историјата што Пелистер го игра во Битола во едно меѓународно натпреварување, а тренерот Александар Петровиќ и неговите избраници со помош на поддршката од трибините стигнаа до резултатот што го посакуваа.
Битолчани го контролираа резултатот од самиот почеток и заминаа на полувреме со предност од 37-33, која достигна плус 13, (67-54) на пет минути пред крајот.
Упорноста на гостинскиот тим го однесе дуелот во неизвесна завршница, во која на 80 секунди пред крајот ја намалија негативата на 71-69.
Сепак, Пелистер не дозволи целосен резултатски пресврт и со тројката на Никола Мишковиќ стави точка на премиерната победа.
Најефикасни во составот на Пелистер беа Брајан Антоан со 16 и Мишковиќ со 13 поени