Тренерот на Пари Сен-Жермен, Луис Енрике го прифати поразот од Арсенал во натпреварот од 2. коло на Лигата на шампионите.

„Топчиите“ синоќа во Лондон победија со 2:0 со головите на Хаверц и Сака постигнати во првото полувреме.

- Секогаш е тешко да се игра на гости, особено против тим како Арсенал. Заслужија да победат. Создадоа повеќе шанси од нас, не притиснаа одлично од првата минута и не можевме да се носиме со тоа. Треба да станеме подобри, да извлечеме поука од овој пораз и да се подготвиме за следниот натпревар, изјави Енрике за официјалниот сајт на УЕФА.

Арсенал се наоѓа на осмото место на табелата во Лигата на шампионите со 4 бодови, ПСЖ е на 18. место со 3 бода.

Во следното коло Арсенал на домашен терен игра против Шахтјор, а парижаните ќе му гостуваат на ПСВ.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2024 08:00