Тренерот на Милан, Пауло Фонсека ги искажа впечатоците за синоќешниот натпревар со Баер во 2. коло од Лигата на шампионите.

Германскиот тим од Леверкузен забележа минимална победа со 1:0, а Милан пропушти неколку убави шанси во второто полувреме.

-Од доаѓањето во Милан овој натпревар е нашиот најдобар. Во вториот дел прикажавме фантастична игра, создадовме многу шанси, но не успеавме да реализираме. Разочаран сум од резултатот, но среќен сум со она што го направивме на теренот, изјави Фонсека на официјалната веб-страница на УЕФА.

Милан се наоѓа на 29. место на табелата во Лигата на шампионите и нема освоено ниту еден бод на два натпревара.

Во следното коло италијанскиот тим на домашен терен игра против Бриж.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2024 08:08