Под влијание на циклонска активност во петок и во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР.

Потоа во следните два дена ќе настапи стабилизирање на времето.

Минималните температури ќе бидат во интервал од 4 до 18 , а максималните дневни ќе достигна 26 степени.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2024 16:15