Амбасадорот на САД во Белград, Кристофер Хил денеска изјави дека конечната одлука за експлоатација на литиумот во рамките на проектот „Јадар“ ќе ја донесат граѓаните на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Хил истакна дека за следната недела (7 октомври) е закажана седница на Народното собрание на која ќе се разменуваат мислења на оваа тема, но оти верува дека на крајот граѓаните на Србија ќе одлучат дали се за ископување на литиум во Србија.

Секој што е заинтересиран за тоа прашање нека ја слуша и следи дебатата во Собранието, но во секој случај народот ќе одлучи за тоа. Тоа е до српскиот народ, рече Хил, повторувајќи дека за прашањето за експлоатација на литиумот треба да одлучуваат исклучиво граѓаните на Србија.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2024 04:45