Зајакнувањето на безбедносниот сектор е еден од темелите на 44-та Влада заедно со забрзаната интеграција во ЕУ и зајакнувањето на економијата, рече премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ на церемонијата организирана од Министерството за внатрешни работи на Црна Гора.

-Вака поставениот курс на Владата бараше извонредни напори од секој поединец. Можам да кажам дека сум горд на сработеното, но има многу работа пред нас, изјави Спајиќ.

Наведе дека за 10 месеци биле уапсени стотина лица од интерес на обезбедувањето, кои ја оштетиле државата за над 700 милиони евра.

-За тие пари можевме да изградиме една делница од автопатот или дел од проектот Веље брдо, рече Спајиќ.

Тој изјави дека, сепак, интересите на претходните влади не биле насочени кон поединци, туку кон криминални групи.

-Но, интересите на досегашните раководни структури не беа насочени кон поединецот или неговите потреби, туку кон елитите, политички, криминални и институционални. На таа практика и е ставен крај, рече Спајиќ.

Тој рече дека црногорската безбедносна структура јасно покажала дека ќе се справува со сите видови криминал.

-Од улица, до шумарство, тутун, градежништво и секоја друга мафија, рече Спајиќ



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2024 19:18