Владата на СДС и ДУИ ангажирала лица на авторски договори иако работите кои се вршени не се авторско дело и не подразбираат таков вид на работа.

Државниот завод за ревизија во Извештајот за работата на владата и буџетските трошења за 2021 година, објавен во 2023 година констатира дека владата ангажирала лица со авторски договори преку агенција за интелектуална сопственост, иако работите и работните задачи не подразбираат креирање на авторско дело согласно законската регулатива.

Владата на СДС очигледно е дека ги заобиколувала постоечките законски процедури и сакале преку авторски договори да исплаќаат лица блиски до нив, без да има потреба да ги вработуваат или ангажираат преку системот на АВРМ.

Лицата кои ги ангажирала власта добиле само авторски договори, без да има реална потреба од тоа.

Самоволието на власта на СДС и ДУИ се глада на секој чекор. Затоа велиме дека наследивме ограбена држава. Но неспособноста завршува со нив. ВМРО-ДПМНЕ сега работи 100% одговорно за твојата иднина.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2024 21:23