Денеска во Собранието, во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се дискутираше за Извештајот на Европската комисија за 2023 година се обрати пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Љупчо Пренџов.
Пратеникот Пренџов посочи дека во Извештајот е нотирано дека нема никаков напредок во делот на судството, додека пак состојбата со корупција е загрижувачка.
Додаде дека она што може да го види низ медиумите е дека членовите од Судскиот совет се однесуваат како да живеат во паралелен универзум со оглед на тоа што ние имаме секојдневни контакти со граѓаните.
„Вие како Судски совет немате кредибилитет и авторитет да воспоставите правичен судски систем во Република Македонија. Сметав дека после ова што се случува и што го бараат граѓаните на оваа држава дека денес вие требаше да донесете папки во кои ќе беа депонирани вашите оставки, граѓаните ги бараат вашите оставки“, рече Пренџов
Пратеникот Пренџов се обрати на членовите на Судскиот совет, укажувајќи им дека од анализите и критиките за судството во Македонија зборуваат дека не можат да се пофалат со судските одлуки кои ги носат затоа што и тоа го покажува и довербата од граѓаните од 2%.
„И Европската унија не ве цени како што вие мислите дека ве цени“, заклучи Пренџов.