“Сметам дека е многу некоректно да давате класификации и дефиниции за тоа од каде е добиен тој процент на доверба и тоа го темелите врз основа на решените или нерешените предмети во извештајот“, се осврна Марија Митева, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната расправа во собраниската комисија на тема Извештај на ЕК за Македонија за 2023 година.
Митева појаснува дека не е важно било која страна да биде задоволна, туку е важно правдата да биде онаа која е задоволена.
Според неа „На 2% доверба во судството да се отвара прашањето лично и да се зборува дека не се знае како е дојдено до тоа и дополнително дека јавноста треба да биде посуштински навлезена во работењето на судовите е навреда, пред се кон граѓаните кои многу директно ги чувствуваат криминалот и корупцијата кои владеат во судството“.
Митева обраќајки се до Дамева од Судскиот совет укажа дека таа добро маневрира со говорот и зборовите со цел да не се фрли дамка врз судиите и тоа од причина што се смета дека така ќе се избегне реалната слика.
Како пример Митева го посочува случајот со одлуката на судијата Пајазит Пајазити кој определи куќен притвор кај роднина, нешто невидено до сега, а дискусија по однос на ова воопшто немаше и некако случајот се заобиколи.
,,Она што јавноста очекуваше од вас како Судски совет и требаше да се направи, не видовме таква дискусија која навлегуваше во суштината на оваа катастрофа”, и се обрати Митева на Дамева и додаде уште една небулоза, ,,Замислете Судскиот совет во сопствениот извештај за сопственото работење наведува препораки.” Имено рече Митева,
,,Изминатата година сте детектирале слабости самите на себе, сте си донеле извештај со кој си препорачувате што да направите и за истото тоа самите на себе сте донеле заклучок”, посочи Митева