Револт меѓу мексиканските новинари предизвика постапката на фудбалерот на Чивас, Роберто Алварадо (26), кој фрли петарда на клупската прес-конференција, оценувајќи го неговиот потег како несоодветен и во знак на протест ја напуштија просторијата.

Алварадо наводно сакал да се пошегува фрлајќи петарда во прес-салата. Сепак, петардата го погоди еден од камерманите во ногата.

„Неверојатно е тоа што се случи. За речиси 15 години колку што известувам за тимот, ова никогаш не се случило. Не беше шега“, напиша новинарката Карина Херера на социјалната мрежа Икс. Случајот брзо стана вирален на социјалните мрежи, а Алварадо ја презеде одговорноста за својата постапка и се извини. Тој рече дека немал намера да фрли петарда во прес-салата, туку да се пошегува со соиграчите



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2024 21:19