Косовската полиција соопшти дека денеска, при претрес на куќа во Северна Митровица, пронашла и запленила одредено количиство оружје, експлозив и друг воен материјал, јави дописникот на МИА од Приштина.

Заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани во изјава за медиумите информира дека, меѓу другото, се запленети автоматска пушка и рачни бомби, а по две лица е распишана потерница.

„Денеска околу 13 часот по добиена информација дека на одредено место во Северна Митровица може да има наркотични супстанци, косовската полиција изврши рација. При упадот во посочената куќа, полицијата откри и заплени: една АК-47, две рачни бомби М-75; две радио-врски, капа, два панцири, ракавици, воена торба, празни и рамки наполнети со куршуми за пиштоли, карта, појас, спреј, нож, маскирен шал и друго. Две сомнителни лица, едното со иницијали А.Ј. роден 1992 година и В.Ј. родени 1978 година не се пронајдени дома и по нив веќе е објавена потерница“, изјави Ељшани.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/10/2024 04:30