Пари Сен-Жермен е заинтересиран за голманот на Манчестер сити, Едерсон, пренесува „Daily Mail“.

Според британскиот весник, управата на парижаните може следното лето да потпише договор со 31-годишниот Бразилец, а потоа да го продаде Џанлуиџи Донарума.

Едерсон брани за Манчестер сити од јули 2017 година. Во сезоната 2024/25, голманот бранеше на девет натпревари, прими девет гола и два пати ја сочува мрежата чиста.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на голманот на 35 милиони евра



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2024 02:46