Владата на СДС и ДУИ ги има заглавено Национални шуми. Според Извештајот на ДЗР нема воспоставен попис на побарувања по комитенти, нема податоци за основот и старосната структура на истите, ниту дали се преземени дејствија за наплата.
Ревизијата која е извршена за 2021 година, а изготвена во 2023 година, покажува дека влада на СДС и ДУИ се однесувале кон Национални шуми како бунар без дно.
Имено Извештајот покажува дека во 2021 година Национални шуми има ненаплатени побарувања од 62 милиони денари, што е над 1 милион евра.
За 47 милиони денари, односно 800.000 евра, нема аналитичка евиденција, не се знае ниту основот, ниту староста.
Седум години Национални шуми тонеше.
Не е чудо што кога ВМРО-ДПМНЕ ја презеде владата, претпријатието немаше ниту за плати.
Неспособноста завршува со СДС. ВМРО-ДПМНЕ работи 100% одговорно, за твојата иднина.