Реал Мадрид размислува да го ангажира дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд.

Како што објави „Marca“, мадридскиот клуб сака да започне преговори во јануари со 26-годишниот Англичанец, чиј договор со премиерлигашот е со важност до крајот на јуни 2025 година.

Реал Мадрид сака да се договори за трансфер на фудбалерот во клубот како слободен играч.

Александар-Арнолд потекнува од фудбалската школа на Ливерпул. Во тековната сезона креираше две асистенции во девет натпревари за тимот.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 70 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2024 04:47