Италијанскиот фудбалски прволигаш Комо објави дека поради пријатното гостување во Неапол, секој навивач на Наполи ќе го почести со пиво кога овие два тима повторно ќе се сретнат во првенството. Комо минатата недела гостуваше во Неапол, во рамките на 8. коло од Серија А, а лидерот Наполи победи со 3-1.

Фудбалерите, стручниот штаб и раководството на Комо биле воодушевени од пречекот во Неапол и на стадионот „Диего Армандо Марадона“, каде домашните навивачи им аплаудираа на своите играчи, но и на противниците.

„Комо сака да ја изрази својата искрена благодарност до Наполи и неговите навивачи за прекрасниот пречек во спортски дух. Атмосферата на стадионот беше ненадмината“, објави Комо и најави дека ќе му се заблагодари на спортскиот ривал на својот стадион „Џузепе Синигалија“.

Комо и Наполи ќе играат повторно на 23 февруари идната година, а Комо најави дека заедно со топлото добредојде, секој навивач на гостинскиот тим ќе биде почестен со пиво.

Комо сезонава по 21 година се врати во Серија А и во моментов е на 14. место на табелата



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2024 05:18