Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави денеска во Тиват, каде се одржа Самитот на процесот Брдо-Бриони, дека имал можност да разговара со сите гости, со исклучок на претседателката на Косово, Вљоса Османи, и истакна дека е важно во регионот да се разговара и кога не сме согласни за сите прашања јави дописникот на МИА од Белград.
Вучиќ им се заблагодари на домаќините за гостопримството и изрази уверување дека процесот Брдо Бриони ќе продолжи како и досега.
-Декларацијата беше формирана од порано, додаден е само ставот за Босна и Херцеговина и помошта за поплавените подрачја. За нас е важно соработката во регионот да биде за секој од нас да разговара и кога сме согласни за одредени прашања и кога не сме согласни за одредени прашања, им изјави Вучиќ на новинарите.
Тој кажа дека се уште не е утврдено кој ќе биде следниот домаќин на процесот Брдо Бриони.
-Верувам дека во следните месец-два ќе донесеме одлука и за ова прашање. Уште еднаш голема благодарност до нашите домаќини овде во Црна Гора за нивното гостопримство, рече Вучиќ.
Тој додаде дека во Тиват средбата била исклучително добро организирана и изразил уверување дека Србија ќе има можност во иднина да го возврати гостопримството. Според него „Србија ќе продолжи да гради добри односи, но нема да бидеме ничија вреќа за удирање“.
Вучиќ посочи дека наскоро ќе ги посети Србите на територијата на Црна Гора