Лагите и бедната и ниска кампања на СДСМ и нивните мегафони конечно го доби заслужениот одговор и доказ дека има причина за тоа што се наоѓаат таму каде што се наоѓаат.

Пред фактите и боговите молчат и на лагата и се кратки нозете, се две реченици кои поентираат во еден ваков случај. Но, не можеме да кажеме дека целосно не радува што вистината, иако со задоцнување, сепак излезе на виделина. Впрочем, тоа нема да ги надокнади нервозите и стресовите кои забеганоста на СДС ги произведе врз дете кое е недолжно, само во обид за добивање ситни поени, за теми во недостаток на суштински теми.

Да им кажеме засрамете се и извинете се, знаеме дека нема да го сторат тоа затоа што тоа е тој ментален склоп на тие луѓе во врвот на таа партија. Ние ќе сме најсреќни ако СДС се реформира и ја промени матрицата на измамништво и лажење.

Но, народот гледа и се му е јасно и оваа можеби мала, но значајна победа на вистината над нивните лаги, е доказ дека сепак Македонија може подобро од нив и дека чесноста и отчетноста на премиерот се добар пример како треба и мора да се однесува еден политичар. Како што за ова излезе вистината на виделина, така ќе излезе и за многу други работи.

Допрва доаѓа нивното соочување со вистината и соочување на народот со тоа кои луѓе владееле со оваа земја минатите седум години. 6% рејтинг им се дури и многу како се однесуваат, и нивното вакво однесување кое е продолжение на нивното владеење од седум години, за жал, освен нивен проблем станува сериозен проблем за државата.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2024 19:33