Извршниот директор на Мекларен, Зак Браун зборуваше за тоа колку брзо може да се променат работите во Формула 1, а како пример ја наведе серијата порази на Макс Верстапен и Ред Бул.

Падот на Ред Бул и Верстапен е изненадување за Браун.

- На почетокот на сезоната мислев дека Макс ќе добие 24 победи. Сега тој не победи на осум трки. Значи, знаеме колку брзо работите можат да се променат во шест, седум фази. Има долг пат и не можеме да бидеме премногу самоуверени. Нема етапи што не загрижуваат, освен општата грижа пред секој тркачки викенд. Но, мислам дека ова не ни дозволува да се опуштиме. На некои патеки, мислиме дека тимот ќе се претстави подобро отколку на други, но нема да има каде што не сме силни. Имаме победи на сите типови на патеки. Се чувствуваме прилично сигурни во нашиот болид, изјави Барун.

Мекларен е лидер во поредокот на конструктори во тековната сезона во Формула 1 шампионатот.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2024 04:47