„Ние никако не смееме да ја свиткаме кичмата. И покрај сите овие договори и работи, сепак ни остануваат домашните работи да ги завршиме. Кога соговорниците од другата страна од ЕУ гледаат конзистентност, желба и намера за да ги поправиме овие работи кои се основни критериуми тогаш нормално е да се даде шанса”, истанка пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравковски на ТВ24 во емисијата „24 Анализа”

Тој додаде дека постојат две опции кои се прифатливи за ВМРО-ДПМНЕ.

„Имаме две опции кои се прифатливи за нас и тоа или оние устсвни измени да се применат со влезот на Македонија во ЕУ или пак да има гаранции во тековните преговори”, кажа Здравковски.

Тој продолжи и додаде:

„Ниту една земја членка на ЕУ не посакува нестабилен партнер и токму затоа кога се оди на средби, преговори, договори и разговори се гледа што има соговорникот да понуди. Без разлика на тоа што претходнста влада го договоричла за влез во ЕУ сепак остануваат исполнување на основите на зачленување на ЕУ тоа се критериумите Копенхаген, Мастрихт и Мадрид”, вели Здравковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/10/2024 20:10