Откако го направија фамозното селфи во авионот од Брисел, Македонија е се подалеку од Европската Унија, а истата уште толку не оддалечи од нејзините врати поради лошите политики на СДС-ДУИ.
Криминалната коалиција на СДС-ДУИ, наместо како што ветуваа почеток на преговори со Европската Унија, не дистанцираа од неа. Граѓаните препознаа дека зад памфлетите се кријат манипулации за да можат да крадат. Затоа СДС беше казнета на последните избори, пораз кој станува се поголем, особено ако се погледнат последните анкети каде имаат тенденција на дополнително паѓање.
Откако направија се, за да не понижат како народ, сега СДС вели дека поради ВМРО-ДПМНЕ сме биле изолирани.
Заврши времето на виткање на кичмата и спроведување на диктати. Заврши времето на играње игра со чувствата на граѓаните. Заврши времето на местење тендери, завршува времето на осудени криминалци да шетаат по улиците, завршува времето на корумпирани политичари, корумпирани обвинители, судии.
За разлика од минатата криминална власт на СДС-ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните. Над 450 илјади граѓани ја дадоа довербата да ја водиме Македонија со нашите јасни политики за управување на државата. А резултатите од доброто владеење секојдневно се гледаат.
Македонија ќе биде повторно исправена и без прифаќање на диктати и уцени, ќе ги отвориме преговорите за членство со Европската Унија.