На вечерашното гостување во вестите на телевизија Алсат, пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека Албанската академија на науки побарана од страна на ВЛЕН не е соодветна и е неправилно да се трошат општински пари за други намени освен за намени од локален интерес.

„Ние сме против нивниот проект, самиот проект поларизира, нема научна димензија односно има етно политичка димензија. ВЛЕН доколку имаат стручни кадри можеле да ги насочат своите цели кон подобрување на функционирањето на институтот МАНУ“, рече Милошоски.

Исто така Милошоски нагласи дека ова прашање нема да има влијание врз стабилноста на коалицијата и дека сосема е природно да се има разлики, исто така посочи дека во јавноста има субјекти кои имаат интереси од вакви тензии, а тоа е политичката партија на ДУИ.

„Јас гледам дека во јавноста има субјекти кои имаат интереси од овие политички тензии, а тоа е политичката партија ДУИ. Тие имаат проблем да се навикнат дека тие се во опозиција и после 20 години власт се обидуваат своите пропусти да ги покријат со вакви меѓуетнички теми“, истакна Милошоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2024 05:16