Актуелната власт нема јасна стратегија како понатаму, кои се следните чекори и дали воопшто има политичка волја за продолжување на процесот на интеграција. Секое одложување на отворање на поглавјата е всушност чекор назад. СДСМ останува посветена на европските вредности и ќе продолжи конструктивно да делува во однос на ова прашање, истакнал претседателот на СДСМ Венко Филипче на средбата со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас.

Како што соопшти СДСМ, во фокусот на разговорот бил евроинтеграцискиот процес, односно важноста Северна Македонија да го продолжи европскиот пат, како и потребата од остварување на натамошните чекори кон отворање на поглавјата од преговорите со ЕУ.

На средбата било потенцирано дека интеграцијата на државата е прашање од национален интерес и секое одложување на исполнување на условите од преговарачката рамка е чекор назад за иднината на граѓаните.

Како што се наведува, претседателот на СДСМ, Филипче изразил загриженост од политиките на актуелната власт во однос на евроинтеграцискиот процес, кој како што кажа во моментов по одвојувањето од Албанија, е закочен. СДСМ како партија ќе го поддржи секој процес што ќе значи приближување на државата до ЕУ.

-Она што загрижува е фактот дека актуелната власт нема јасна стратегија како понатаму, кои се следните чекори и дали воопшто има политичка волја за продолжување на процесот на интеграција. Секое одложување на отворање на поглавјата е всушност чекор назад. СДСМ останува посветена на европските вредности и ќе продолжи конструктивно да делува во однос на ова прашање, рече Филипче.

Амбасадорот Рокас ја потврдил поддршката на ЕУ за интеграција на државата како и позитивниот однос на ЕУ во однос на проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан. На средбата беше потенцирано и значењето на Планот за раст на Европската Комисија за Западен Балкан, како конкретна финансиска поддршка за доближување на македонската економија кон нивото на економиите на европските земји и кој е од исклучително значење јакнење на капацитетите за членство во ЕУ на земјите од регионот.

Филипче и Рокас се согласиле дека е неопходно државата да ги продолжи реформите и да се насочи кон исполнување на условите важни за членството во ЕУ, потенцирајќи дека дијалогот и соработката ќе останат клучни за европската иднина на Северна.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/10/2024 21:29